Собрание
Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница денеска
09.12.2025 08:32
Предлог-буџетот за 2026-та година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73-та седница на Собранието...

Предлог-буџетот за 2026-та година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73-та седница на Собранието.
Во текот на амандманската расправа во матичната Kомисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20 амандмани од вкупно поднесените околу 200-те амандмани. Проекциите во Предлог-буџетот се раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 насто.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5 проценти од планираниот БДП.
