Грција

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ е нормализиран

09.12.2025 09:10

Овој премин беше во целосна блокада и за влез и излез од државава поради штрајкот на земјоделците на Грција...

По повеќе 10 часа блокада сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ е нормализиран, соопштуваат од АМСМ. Овој премин беше во целосна блокада и за влез и излез од државава поради штрајкот на земјоделците на Грција.

Вчера од раните утрински часови имаше големи колони, а возила со часови чекаа и на граничниот премин Дојран, кој беше единствената алтернатива за влез во земјава.

Блокадите на грчките земјоделци почнаа околу 11 часот и траеа до вечерните часови, кога тие ја прекинаа протестната активност.