Македонија

Советот на јавни обвинители денеска ќе избира нов претседател

09.12.2025 09:26

Советот на јавни обвинители на РМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот...

Советот на јавни обвинители на РМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот.

Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори.

До изборот на нов претседател согласно одлуката со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.