Киев подготвува одговор на мировниот план на САД
Новиот предлог намален во 20 точки, не предвидува територијални отстапки кон Русија...

Украина подготвува одговор на американскиот мировен план по консултациите на Зеленски со европските партнери во Лондон и во Брисел. Новиот предлог намален во 20 точки, не предвидува територијални отстапки кон Русија. Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за разговори, но само во рамки на меѓународното право и правото на самоодбрана, без да го награди Путин за војната.
„Дали размислуваме да се откажеме од која било територија? Немаме законско право да го сториме тоа. Според украинскиот закон, нашиот устав и меѓународното право, немаме ни морално право да го сториме тоа. Русија инсистира да се откажеме од територија, но дефинитивно не сакаме да се откажеме од ништо. За тоа се бориме, како што добро знаете“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Европските лидери на страната на Киев, додека во позадина продолжуваат руските напади. Северот на Украина под масовен удар од дронови, жителите во Суми остана без струја. Киев возвраќа. На југот и западот на Русија огласени се сирени, а четири аеродроми привремено престанаа со работа.
