Свет

Земјотрес од 7,5 степени во Јапонија, десетици повредени

09.12.2025 10:33

Илјадници луѓе ги напуштија домовите по краткото предупредување за цунами...

Десетици повредени во земјотрес со јачина од 7,5 рихтери кој ја погоди североисточна Јапонија. Илјадници луѓе ги напуштија домовите по краткото предупредување за цунами. Дел од железниците се прекинати, околу 3.000 домови се без струја, а наредена е евакуација за 90.000 жители. Властите предупредуваат на можни посилни потреси во следната недела и повикаа граѓаните да бидат подготвени за евакуација. Формиран е тим за итни случаи додека Владата работи на процена на штетите. Потресот бил на 50 км длабочина, 80 км од брегот на Аомори.

„Добивме извештаи за 30 повредени лица и еден пожар во куќа. Продолжуваме со собирање информации за штетата. Веројатноста за нов силен земјотрес е зголемена, издадено е предупредување за крајбрежјето Хокаидо-Санрику. Ве молиме сите жители во регионите да бидат внимателни и подготвени веднаш да се евакуирате доколку почувствувате тресење“, изјави Санае Такаичи, премиерка на Јапонија.

Надлежните енергетски власти соопштија дека нема неправилности во нуклеарните централи, вклучително и во Фукушима.