МВР

Лишен од слобода криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет

09.12.2025 14:17

На место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с. Копаница, скопско. При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки...

На 08.12.2025 во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с. Копаница, скопско. При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.

Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.