МВР
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
09.12.2025 21:18
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје...

Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје, информираат од МВР.
По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
