Нивото на водата во Дојранско и Преспанско езеро под просекот за декември
Нивото на водата во Дојранското Езеро е 102 сантиметри под договорениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Под просекот за месец декември е и водостојот на Преспанското Езеро, кој се наоѓа 4 сантиметри под апсолутниот појавен минимум.

Според денешните мерења регистрирано е покачено ниво на повеќе реки во земјава. Зголемување има кај реката Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. Пораст е забележан и кај реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.
Нивото на Брегалница кај Берово и Пчиња кај Пелинце останува под просечните декемвриски вредности.