ФЗОМ

Редовно се врши исплата на породилно отсуство и капитација за матичните лекари, тврди Клековски

09.12.2025 17:32

Фондот за здравство тврди дека има пари за исплата на капитацијата на матичните лекари и парите редовно се исплатуваат. Редовно се врши исплата за породилно отсуство, доцнењето кај одредени осигуреници е резултат на недоставените пресметки од работодавачите, тврди директорот на Фондот, Клековски...

Од касата на Фондот редовно се врши исплата за породилно отсуство, доцнењето кај одредени осигуреници е резултат на недоставените пресметки од работодавачите, тврди директорот на Фондот, Клековски. Пари има, обезбедени се средства, само во ноември се исплатени над 355 милиони денари по овој основ. Средства во касата има и за декември добиени со ребалансот на Буџетот и за зголемените плати.

Редовна е исплатата и на капитацијата за матичните лекари според договореното зголемување од 33 насто. Во ноември имало околу 6.600-тини исплати во износ од над 493 милиони денари.

По реакциите за недостиг од тумор-маркери на одредени клиники, Клековски вели дека истите можат да се направат и во непосредна близина во Институтот за биохемија. Најмногу се направени на простата, панкреас, јајници, а на дојка само во септември 21.000 анализи. Клексанот ќе почне да се набавува со рецепти од крајот на месецов. Постојано пристигнуваат претставки во Фондот вели Клековски и потенцира дека ќе бидат посебно внимателни при склучување договори со приватни болници.

 

Александра Велинова