Литванија
Литванија прогласи вонредна состојба, поради нарушен воздушен сообраќај
09.12.2025 19:44
Минск ги отфрла обвинувањата и тврди дека токму Вилнус спроведува провокации, меѓу кои и наводно испраќање дрон со „екстремистички материјали“ на белоруска територија...

Литванија прогласи вонредна состојба, откако балони за кои литванските власти тврдат дека ги пуштаат криумчари на цигари од Белорусија повторно го нарушија воздушниот сообраќај.
Минск ги отфрла обвинувањата и тврди дека токму Вилнус спроведува провокации, меѓу кои и наводно испраќање дрон со „екстремистички материјали“ на белоруска територија.
Вилнус ги нарекува овие тврдења апсурдни и дел од поширок хибриден притисок.
