Владата предлага разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
Според образложението, иницијативата се темели на сериозни професионални пропусти во работењето на Коцевски, меѓу кои неовластено откривање информации од судски предмети, нарушување на тајноста на постапките и нарушување на угледот и функционалноста на Јавното обвинителство.

Владата на денешната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и го достави до Собранието. Портпаролката Марија Митева соопшти дека постапката е продолжена по завршување на изборниот период, кога била привремено стопирана.
Според образложението, иницијативата се темели на сериозни професионални пропусти во работењето на Коцевски, меѓу кои неовластено откривање информации од судски предмети, нарушување на тајноста на постапките и нарушување на угледот и функционалноста на Јавното обвинителство.
Митева нагласи дека Владата делува во насока на зајакнување на правната држава и обезбедување ефикасно функционирање на органите на прогон. Таа посочи дека предлогот е поднесен врз основа на Законот за Јавно обвинителство и по претходно мислење од Советот на јавни обвинители.
Според Владата, постапките на Коцевски довеле до нарушен институционален интегритет и нефункционалност на обвинителството, што е спротивно на уставните и законските обврски на државниот обвинител.
