Коцевски: За „Пулс“ не треба да има две постапки
Разрешувањето е политичка одлука, ваква оценка даде Државниот јавен обвинител Коцевски, кој иако поканет не присуствуваше на постојаната анкетна комисија за човекови права со став дека одредени докази и сведоци можат да компромитираат...

Нема потреба од две постапки за пожарот во кочанската дискотека – став на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Не се согласува со анкетната комисија во Собранието затоа што стравува дека може да дојде до компромитирање на доказите. Првиот човек во обвинителството, уверува дека наскоро ќе има одлука и за истрагата што се води против полициските службеници.
Со 8 гласови за, на непосредно и тајно гласање, Башким Бесими е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители. Вели ќе работи транспарентно. Уверува дека до сега, ниту од парламентот ниту од владата некој вршел притисок врз Советот.
Советот на седницата ја констатираше и оставката на Вишиот скопски обвинител, Мустафа Хајрулахи.
Анита Димитријевска-Велковска
