Кривичен Суд

Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

10.12.2025 08:18

Во судницата во затворот во Идризово, ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дел од обвинетите и нивните адвокати треба да ги дадат воведните зборови. На последното судење, сите рекоа дека не се виновни...

Во судницата во затворот во Идризово, ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дел од обвинетите и нивните адвокати треба да ги дадат воведните зборови. На последното судење, сите рекоа дека не се виновни. Екс градоначалниците и градежните инспектори ги отфрлија обвиненијата против нив. Тврдат дека за трагедијата се товарат невини луѓе.

За пожарот во „Пулс“ се обвинети 35 физички и три правни лица. Кобната вечер на 16-ти март, настрадаа 63 лица, а над 200-те беа повредени.