Магла на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и на ГП Богородица
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија-Гевгелија и граничен премин Богородица. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози...

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија-Гевгелија и граничен премин Богородица.
Од 19:35ч. сообраќајот на регионалниот пат с. Караорман – Штип е во прекин поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
