Почина познатата комичарка и водителка Џоан Риверс
05.09.2014 11:36
Познатата американска комичарка и телевизиска водителка Џоан Риверс почина во болница во Њујорк по еднонеделни проблеми со срцето и респиратораниот систем при операција на грлотo, потврди синоќа нејзината ќерка Мелиса.
Риверс (81) е ќерка на руски емигранти и се пролсавува кон средината на 60-тите години на минатиот век во шоуто на Џони Карсон „Тhe Tonight Show“. Таа е меѓу првите познати личности во Холивуд што призна дека има извршено повеќе естетски операции на лицето и телото.