Скопје

Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров

10.12.2025 08:51

Причина за прекинот е дефект на затворач со пречник од Ф-350 милиметри на улицата „20“ во населба Сарај...

Денеска, поради технички дефект, ќе биде прекинато водоснабдувањето во повеќе населени места во Општина Сарај. Прекинот ќе започне од 7:30 часот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Без вода ќе останат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај. Прекинот ќе ги зафати и повисоките катови од зградите во населбата Ѓорче Петров.

Причина за прекинот е дефект на затворач со пречник од Ф-350 милиметри на улицата „20“ во населба Сарај. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по целосно санирање на дефектот.