Забрана за социјални мрежи за деца под 16 години во Австалија
Во Австралија на 10-те најголеми платформи им е наредено да ги блокираат децата под 16 години или ќе се соочат со казни до 33 милиони долари според новиот закон.

Австралија стана првата земја во светот што им забрани на децата под 16 години да користат социјални медиуми. На 10-те најголеми платформи им е наредено да ги блокираат децата под 16 години или ќе се соочат со казни до 33 милиони долари според новиот закон.
„Ова ќе направи огромна разлика. Тоа е една од најголемите социјални и културни промени со кои се соочила нашата нација. Тоа е длабока реформа, која ќе продолжи да одекнува низ целиот свет во наредните месеци, за да и помогне не само на оваа генерација, туку и на идните генерации. Станува збор за тоа нашите семејства да ја вратат контролата. Технологијата може да има неверојатно влијание врз олеснувањето на нашиот живот, но важно е, како што се развива технологијата, луѓето да ја задржат контролата, да го потврдиме нашиот авторитет како општество и да ги поддржиме семејствата и да кажеме дека доста е“, изјави Ентони Албанезе, премиер на Австралија.
Владите од Данска и Малезија, па дури и некои американски држави, велат дека планираат да преземат слични чекори, четири години откако протечените внатрешни документи на МЕТА покажаа дека компанијата знаела оти нејзините платформи придонесуваат за проблеми со самодовербата на тинејџерите.
