Доделување на Нобелова награда за мир
Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, Венецуеланката Марија Корина Мачадо, поради тоа што таа има забрана за патување изречена од владата на претседателот Мадуро...

Норвешкиот Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, Венецуеланката Марија Корина Мачадо, поради тоа што таа има забрана за патување изречена од владата на претседателот Мадуро.
Можноста за нејзино појавување во Осло предизвика шпекулации во Венецуела и доаѓа во клучен момент, бидејќи претседателот на САД, Трамп, продолжува со воената операција на Карибите и се заканува дека ќе ја нападне јужноамериканската нација.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да им се заблагодарам на луѓето од осло и норвешка, илјадници од кои денес излегоа на улиците за да повикаат на мир во венецуела, да ја поддржат венецуела во нејзината желба за мир и развој, да кажат не на војната за нафта, нема крв за нафта“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.
Мачадо ја доби наградата за нејзината борба против, како што беше оценето, „диктатурата“ во Венецуела. Таа јавно му се придружи на американскиот претседател Трамп во тврдењата дека режимот на Мадуро е поврзан со криминални банди кои претставуваат закана за безбедноста на САД поради приливот на наркотични средства.
По објавата дека ја освојува наградата во октомври, Мачадо изјави дека делумно ја посветува на Трамп, кој пак тврдеше дека и самиот ја заслужува.
