УХМР
Најстудено утрово во Берово и Битола
10.12.2025 09:20
Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз...

Во Македонија ноќеска преовладуваше релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко, без позначаен ветер.
Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз.
Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово и Битола, -2 во Тетово и Струмица, -1 во Скопје, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, а највисоки плус четири степени се регистрирани во Ѓуриште, соопшти УХМР.
