Грција
Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите
10.12.2025 12:38
И денеска, во интервалите од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време под блокада граничниот премин „Евзони“ кон Македонија...

Грчките земјоделци продолжуваат со протестите. И денеска, во интервалите од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот по локално време под блокада граничниот премин „Евзони“ кон Македонија.
Таму веќе 10 дена се паркирани 300 трактори. Блокади се поставени и на другите гранични премини, меѓу кои е и „Ники“ – „Меџитлија“.
Комитетот надлежен за земјоделските блокадите низ цела Грција, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.
Грчките земјоделци се незадоволни поради доцнењето на исплатата на субвенциите, зголемените трошоци за производство, а ниските откупни цени.
