Мароко

Се урнаа станбени згради во Мароко, има загинати

10.12.2025 14:06

Трагедијата се случила во текот на ноќта, во густонаселен дел од градот со стара и дотраена инфраструктура. И натаму е во тек спасувачката операција, се трага под урнатините...

Најмалку 19 лица загинаа, уште толку се повредени откако се урнаа две станбени згради во мароканскиот град Фес. Трагедијата се случила во текот на ноќта, во густонаселен дел од градот со стара и дотраена инфраструктура. И натаму е во тек спасувачката операција, се трага под урнатините.

Според локалните медиуми, жителите долго време предупредувале на длабоки оштетувања на конструкциите и на одложувањата на неопходните реконструкции.