Економија

Како да се заузда инфлацијата?

10.12.2025 17:38

Инфлацијата во ноември, споредено со лани е 4 насто. Премиерот вели-будно ја следат состојбата со цените во маркетите, нагласувајќи дека досегашните казни за некои од нив се само предупредување...

И малото зголемување на инфлацијата од 0,5 насто во ноември споредено со октомври, граѓаните го чувствуваат како голем удар на џебот. Забележуваат зголемување на цените на основните прехранбени производи, но и на транспортот. Велат, потребно е зголемување на платите.

Инфлацијата во ноември, споредено со лани е 4 насто. Премиерот вели-будно ја следат состојбата со цените во маркетите, нагласувајќи дека досегашните казни за некои од нив се само предупредување, па ако продолжат ќе има и поригорозни.

Инфлацијата ја подгрева отвореноста на домашната економија-вели економистот Пејковски. Со зголемување на домашното производство и продуктивноста, можат да се намалат и цените и да се зголемат примањата, во спротивно дополнително ќе се подгрее инфлацијата, додава тој.

Домашните и странските финансиски институции за в година очекуваат смирување на инфлацијата.

Александра Велинова