И придобивки и предизвици со социјалните мрежи
Социјалните мрежи забранети за младите под 16 години во Австралија. Ова е првата земја во светот, која одлучи со Закон да ги заштити младите од штетните содржини. Идејата ја разгледуваат и други земји. Експертите со различни ставови, забраната може да има и придобивки но и предизвици.

„Фејсбук“, „Инстаграм“, „ТикТок“, „Јутјуб“, десет најголеми платформи од денес се блокирани за младите во Австралија. Ова е првата држава во светот кој се одлучи на ваков чекор за блокада на пристапот до мрежите за младите под 16 години.
Целта на новиот Закон, е младите да се заштитат од штетните содржини. Новината предизвика различни реакции. Веќе ја разгледуваат и други земји, загрижени за растечкото влијание на социјалните мрежи врз здравјето и безбедноста на децата. Младите, но и повозрасните коишто ги прашавме, ја поздравуваат идејата.
Според експертите забраната има придобивки, но и предизвици. Ќе се заштитат младите од насилство, омраза, сајбер булинг. Би требало да се спречи самоповредувањето и самоубиствените идеи, потребата за „идеален живот“, подобри вклученоста во реалноста, градењето контакти, училишни постигнувања, интеракција во семејството. Но, може да предизвика и збунетост кај младите, ограничување на слободата и приватноста.
„Треба да им се најде некоја замена дали вклучување во одредени активности или вклучување на некои платформи коишто ќе имам платформи или којшто ќе имаат едукативен фокус а и некаде да не ги занемариме и моментите дека понекогаш социјалните медиуми се единствениот начин на комуникација на младите, на остварување на контакти и начин да тие создаваат свои пријателства, да се информираат и некаде да се чувствуваат социјално вклучени“, вели Сања Јовановска, психолог и психотерапевт.
Според Јовановска неопходно е системско решение. Можеби нецелосно исклучување на социјалните мрежи, но едукација за дигиталната писменост и правилно користење, а со тоа и растење во безбедна средина.
Елена Георгиевска
