Јакимовски со рекорд во Еврокупот
10.12.2025 14:23
Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени, што е рекорд оваа сезона во Еврокупот.
Кошаркарот на Тренто, Андреј Јакимовски, одигра извонреден натпревар вчеравечер на гостувањето против Бург во Б-групата од Еврокупот.
Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени, што е рекорд оваа сезона во Еврокупот.
Јакимовски средбата ја заврши со 30 поени, три асистенции и седум скока.
Воедно, ова е рекорд и во тимот на Тренто во натпревар од Еврокупот.
