Прес на Путин со 1.300 новинари
Рускиот претседател Путин на деветтиот годишен медиумски маратон на прашања и одговори, разговара со 1.300 новинари и сниматели од земјата и целиот свет. Главната тема, очекувано, е Украина. Путин со насмевка одговори на прашањето на украинскиот новинар – зошто Русија веќе три години врши притисок врз неговата земја.
„Ако велиме дека Украина е наша братска земја, треба да постапиме како вистински браќа – да ја поддржиме нашата братска земја во тешките мигови“, објасни рускиот претседател.

Путин рече дека таа братска љубов не значи дека Москва сака да го оттргне Киев од шепите на Европската унија, но дека мора да ја заштити својата економија. Потсети дека договорот за гасификација го потпишала токму владата на поранешната премиерка Тимошенко.
За тоа дека Русија покажува мускули со распоредувањето на ракетите Искандер во енклавата Калининград, Путин смирува – тоа не ни е ни најдоброто ни единственото средство за одбрана.
„Еден од можните одговори е да распоредиме системи Искандер во Калининград, но да ви нагласам дека таа одлука уште не е донесена, па нека се смират“, порача претседателот на Русија.
Тој рече дека и Русија е загрижена од противракетните системи на НАТО во Европа, но најважно е никој да не провоцира.
Путин, добро подготвен со извештаите на надлежните министерства, одговараше за амнестијата на девојките од Пуси Рајот и на активистите на Гринпис, за Едвард Сноуден, за надворешната и за социјалната политика, но и на лични прашања. Неговиот портпарол Дмитри Песков вели: Путин многупати покажал отвореност кон новинарите - „Прашањата не му здодеваат на претседателот. Но не му се допаѓаат глупави прашања и го вознемирува глупавоста на луѓето“.
Од првата прес конференција во 2001, која траеше час и половина, во Кремљ растеше бројот на акредитирани новинари, а со тоа и поставените прашања и должината на разговорот. Рекордно долга беше таа во 2008, кога Путин одговараше на новинарските прашања 4 часа и 40 минути.
Ивана Салтировска