Мицкоски: Владата не го поддржува најавениот протестен марш за поддршка на војниците на ОВК
Владата не го поддржува најавениот протестен марш в сабота за поддршка на војниците на ОВК кои Меѓународниот суд во Хаг ги суди за воени злосторства. Државата и институциите се подготвени да одговорат на било какви провокации, кои негативно би се одразиле врз граѓаните и регионот, дециден премиерот. Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети...

Владата не го поддржува најавениот протестен марш в сабота за поддршка на војниците на ОВК кои Меѓународниот суд во Хаг ги суди за воени злосторства. Премиерот Мицкоски се надева дека собирот ќе биде мирен. Ќе се формира кризен штаб, кој ќе ја следи состојбата 24 часа пред настанот и 24 часа потоа. Државата и институциите се подготвени да одговорат на било какви провокации, кои негативно би се одразиле врз граѓаните и регионот, дециден премиерот. За ова ќе бидат известени и меѓународните партнери. Според него, настанот е обид за политичка мотивација.
Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Мицкоски жали што има и такви коишто еве го поддржуваат овој процес јавно, иако тоа, според него, немаше потреба да се случи, алудирајќи на актуелниот градоначалник на Чаир и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Изет Меџити, кој рече дека ќе даде дозвола за одржување на собирот, надевајќи се дека сè ќе помине добро. Според Меџити, протестот е демократско право.
Игор Панов
