САД

Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за повлекување од НАТО

10.12.2025 20:22

Иницијаторите тврдат дека НАТО е реликвија од Студената војна и дека членството ја чини Америка трилиони долари...

Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за повлекување од НАТО, наречен „Закон за недоверливата организација“.

Иницијаторите тврдат дека НАТО е реликвија од Студената војна и дека членството ја чини Америка трилиони долари. Ако законот биде усвоен, претседателот Трамп би требало во 30 дена да го извести НАТО за излегувањето и да престане финансирањето на Алијансата.

Трамп и порано се закануваше со напуштање на НАТО, по што членките ветија зголемување на трошоците за одбрана до 5 проценти од БДП до 2035-та.