Усвоен буџетот, во 2026-та касата ќе тежи 6,78 милијарди евра
Собранието го донесе буџетот за 2026-та година. Државната каса тежи рекордни 6,7 милијарди евра, со проектиран раст на БДП од 3,8 проценти и инфлацијата од 2,5. Власта вели – буџетот гарантира стабилни финансии и повисок раст, опозицијата оцени дека имаме гломазен буџет за купување социјален мир …

Зелено светло доби буџетската проекција за в година. Со државна каса тешка 6,78 милијарди евра и буџетски дефицит од 3,5 проценти, македонската економија в година треба да постигне раст од најмалку 3,8 проценти.
Власта планира да инкасира шест милијарди евра приходи, да ги сервисира сите обврски, да ја исплати обврзницата и да ја зачува макроекономската стабилност.
Со жестоки обвинувања дека нема развојна ниту социјална компонента, задолжувањата растат, а долгот галопира, опозицијата не гласаше за проектираното. Се судри со ставовите на владејачкото мнозинство кое уверуваше дека во време на глобални економски проекции, ќе има фискална дисциплина, постепено стабилизирање и поголема реализација на проектите.
„Во Буџетот за 2026 година, туризмот добива 32 милиони 260 илјади денари повеќе. Средствата за туризам сè уште не се доволни, но сепак, зголемувањето е охрабрувачки правец во интерес на целокупниот македонски туризам“, вели Павловска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Развојната компонента во здравството ја нема, средствата за изградба на болници се намалени за 45 проценти наспроти 2025-та, на пример за Клинички центар во Штип и Скопје нема финансиски средства за 2026 година“, рече Бочварски од СДСМ.
Собранието ја одобри и одлуката за прераспределба на 12, 5 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите.
Сузана Фиданска-Стоевска
