Реформските закони за администрацијата во Собранието по скратена постапка
Пред членовите на Комисијата за политички систем, предлог-измените на неколку закони за јавната администрација, поднесени од власта, по скратена постапка. Нивната примена се пролонгира додека не се донесе Законот за плати…

Собраниската комисија за политички систем даде зелено светло за законските измени за вработените во јавниот сектор, предложени од власта. Не беше прифатен амандманот од СДСМ. Пратеничката Јованка Тренчевска смета дека предвидените измени не се во интерес на вработените чии права се регулирани во колективните договори.
Целта е, како што рече еден од предлагачите, Пренџов да се направат подготовки за успешна примена на законот за јавни службеници. Првичниот план за примена од 1 јануари не може да се спроведе, затоа примената се одложува сè додека не се донесе законот за плати кој е во подготовка – појасни Пренџов.
Станува збор за пакет закони за административни службеници, закон за вработените во јавниот сектор по скратена постапка, и закон за стручно усовршување на административни службеници.
Марина Стојанова-Тонева
