Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

11.12.2025 08:15

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.