Свет

Нови тензии меѓу Вашингтон и Каракас - САД заплени танкер за нафта крај брегот на Венецуела

11.12.2025 09:01

Белата куќа со став дека заплената била оправдана, додека Каракас ја осуди како „кражба“ и „меѓународно пиратство“...

Нови тензии меѓу Вашингтон и Каракас, откако американската крајбрежна стража заплени танкер за нафта во близина на брегот на Венецуела. Белата куќа со став дека заплената била оправдана, додека Каракас ја осуди како „кражба“ и „меѓународно пиратство“.

„Она што тие го сакаат е да ни ја украдат нафтата, златото, гасот, сакаат да ни ја украдат водата затоа што не сакаат да платат. А зошто не плаќаат? Бидејќи се крадци. Подготвени сме да се справиме со сè, со продолжен и активен отпор“, изјави Диосдадо Кабело, министер за внатрешни работи на Венецуела.

Ова е најнов чекор во засилениот притисок на претседателот Трамп врз Николас Мадуро, кого САД го обвинуваат за наркотероризам.

Бојана Крстевски