Тајланд

Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

11.12.2025 11:54

Кревкото примирје меѓу двете земји заврши со нападите на Тајланд во понеделникот по меѓусебните престрелки и обвинувања за прекин на огнот, ден претходно ...

Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа. Властите во Бангкок јавуваат за погодени куќи во пограничната покраина Сурин, но не и за жртви.

Повеќето жителите од двете страни на границата, се евакуирани во засолништа. Кревкото примирје меѓу двете земји заврши со нападите на Тајланд во понеделникот по меѓусебните престрелки и обвинувања за прекин на огнот, ден претходно.

Засега има малку знаци дека борбите наскоро ќе престанат, иако САД-посредникот во мировниот договор, најави дека сакаат да ги запрат борбите.