50 илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан откриени во воз во Гевгелија
05.09.2014 12:46
Лицата се обидувале нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија...

Полицијата од граничниот премин „Богородица“ во соработка со цариниците и работници од Македонски Железници, вчера вечер на железничката станица во Гевгелија во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово откри 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан, соопшти МВР.
Лицата се обидувале нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија.
По преземени мерки мигрантите се предадени на граничниот премин Идомени, Грција, а исто така предадени се и три лица - државјани на Сирија, кои се откриени од страна на полицајците во Валандово, кои исто така се обиделе нелегално да ја преминат границата во Македонија.
