Спасов: По 12 илјади денари годишно за средношколците приматели на социјална помош
Целта е да им се помогне на овие ранливи категории да обезбедат подобри услови за школување на своите деца...

Семејствата корисници на социјална помош, кои имаат дете средношколец што посетува редовна настава, ќе можат да аплицираат за условен паричен надоместок, 12 илјади денари годишно.
Целта е да им се помогне на овие ранливи категории да обезбедат подобри услови за школување на своите деца, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
„На секој корисник годишно ќе му се исплаќа по 12.000 денари, а исплатата се вриши на четири еднакви износи од по 3.000 денари. Овој износ останува непроменет и за оваа учебна година при што очекуваме дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право“, рече Спасов.
Апликациите се доставуваат до 30-ти септември.
