Бугарија

Граѓанското незадоволство ја тресе бугарската влада

11.12.2025 12:32

Дестици илјади луѓе во Софија излегоа на улиците, бараат од Владата корекција на буџетот, ги обвинуваат властите дека ги ставаат сопствените плати над трошоците за живот на работниците...

Бугарија ја тресат масовни протести. Десетици илјадни луѓе во Софија и други градови низ земјата излегоа на улица за да бараат оставка од владата, обвинувајќи ја за корупција.

„Секоја партија што работи на мафијашки начин мора да си замине и никогаш да не се врати – да си поднесе оставка. Протестираме затоа што луѓето се исцрпени од тоа што се манипулирани и осиромашени. Гледаме како безброј човечки животи се уништуваат“, изјави Ели Мартинова – наставничка.

На протестите предизвикани по минатонеделните буџетски планови за повисоки даноци, зголемени придонеси за социјално осигурување и зголемување на трошоците, се приклучија и студентите.

„Не протестираме само против буџетот – бараме оставка од владата поради нејзината неодговорност и срамот што ѝ го донесе на Бугарија, изјави Георг Петров – студент.

„Се надеваме дека нашите акции ќе доведат до вистински промени. Нема да застанеме тука, од нас зависи дали ќе го демонтираме корумпираниот модел изграден од Борисов и Пеевски, изјави Александар Танев - лидер на Студентското здружение „студенти против мафијата“.

Приведени над 30 лица на протестот во Софија. Кај дел од нив пронајдени дрога, ножеви и пиротехнички средства.

 

Катерина Бојаџиева