Македонија
Предлогот на Владата за разрешување на Коцевски, доставен до Собранието
11.12.2025 13:03
Откако ќе биде констатирана од законодавниот дом ќе биде отворена нова постапка, на јавен оглас ќе се бира неговиот наследник...

До Собранието доставен е предлогот од Владата за разрешува на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Откако ќе биде констатирана од законодавниот дом ќе биде отворена нова постапка, на јавен оглас ќе се бира неговиот наследник.
Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов - одлучи Судскиот совет на денешната седница. На 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, ги исполнил потребните критериуми за позицијата и со 11 гласа за беше определен да биде вршител на должноста прв човек на управен суд од 15 декември.
