Човекови права

Инклузивно општество за лицата со попреченост

11.12.2025 13:39

Инклузијата не се гради на хартија, туку со потребни услови на терен за да се олесни животот на оваа категорија граѓани, ова се дел од пораките на Меѓународен ден на лицата со попреченост и Меѓународен ден на човековите права...

Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, потребна е поголема грижа, солидарност и човечност. Инклузијата не се гради на хартија, туку со потребни услови на терен за да се олесни животот на оваа категорија граѓани, ова се дел од пораките на Меѓународен ден на лицата со попреченост и Меѓународен ден на човековите права.

Александра Спировска известува од Собранието, каде се одржа настан за поттикнување на инклузивните општества.