Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за мигрантите
Продолжуваат препукувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе има или не прием на мигранти во земјава. Нема договори, преговори, нема квоти, ниту центри или транзитни аранжмани, тврди шефот на дипломатијата Муцунски. Филипче го тврди спротивното – напролет ќе има предвремени избори, а во јуни ќе пристигнат мигранти во земјава...

„Нема договори, преговори, нема квоти, ниту центри или транзитни аранжмани“ – шефот на дипломатијата Муцунски со објаснување – стратешкото партнерство со Британија се темели на реални иницијативи и проекти, а на наводно прифаќање мигранти.
„Сакам да бидам кристално јасен: оваа влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма.“
Филипче го тврди спротивното – напролет ќе има предвремени избори, а во јуни ќе пристигнат мигранти во земјава. Социјалдемократите предлагаат резолуција, а Филипче повикува и на состанок меѓу партиите, невладиниот сектор и интелектуалците.
Целата јавност мора да знае дека Венко Филипче, како министер во владата на Заев, работел на отворање мигрантски камп во Бардовци, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Објавија и документи.
И додека Филипче вели, треба судбината да се земе во свои раце за европска Македонија, низа функционери од владејачките структури негираат дека ќе се отворат вратите на земјава за мигранти.
Миле А. Ристески
