Човекови права

Поголема вклученост на лицата со попреченост

11.12.2025 16:52

Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, потребна е поголема грижа, солидарност и човечност. Инклузијата не се гради на хартија, туку со потребни услови на терен за да се олесни животот на оваа категорија граѓани, ова се дел од пораките на Меѓународен ден на лицата со попреченост и Меѓународен ден на човековите права...

Зоран Јовановски е лице со попреченост, но тоа за него не е пречка да го оствари својот сон. Параскијањето е неговата пасија, која не ја гледа како хоби, туку се стреми да се занимава професионално. Три натпревари се зад него оваа сезона.

Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, но тоа не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, солидарност и човечност. Надлежните испратија порака.

Сепак, потребно е да се подобри законодавството, да се зајакнат социјалните услуги, како и личната асистенција.

Инклузијата не се гради со документи, таа се гради со достапни улици, отворени училници и социјални услуги. Луѓето повеќе да охрабруваат, а помалку да осудуваат.

Александра Спировска