Уставен ги разгледуваше блок тарифите, немаше мнозинство да се донесе одлука
Уставниот суд немаше мнозинство да донесе одлука по иницијативата за укинување на блок тарифите за струјата. Точката повторно ќе се разгледа пред крајот на годината...

Уставниот суд немаше мнозинство да донесе одлука по иницијативата за укинување на блок тарифите за струјата. Точката повторно ќе се разгледа пред крајот на годината. Подносителот на иницијативата смета дека со тарифите се создава нерамноправност меѓу потрошувачите, односно дека едни се повластени по однос на други, бидејќи разликата во цената меѓу првиот и четвртиот блок е 400 насто по киловатчас.
Укинувањето на блок тарифите, според експертите може да резултира со повисоки сметки за струја особено за оние кои трошат помалку, од друга страна ќе се укинат паушалните сметки на ЕВН.
Граѓаните ја поддржуваат постоечката практика, кој троши помалку да плаќа помалку, кој троши повеќе, да плаќа повеќе.
Регулаторна соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Уставен, но посочи дека со блок тарифите се намалува потрошувачката на домаќинствата со што ЕСМ може да продаде повеќе струја на слободниот пазар по повисока цена, наместо на ЕВН по пониска.
Деновиве треба да се донесе одлука за новата цена на струјата. ЕСМ ќе и ја продава на ЕВН за 5% повисока цена, а се намалува за 1% дистрибуцијата.
Александра Велинова
