УПОЗ: Или надоместоци или прекин на работата
Судиите и судската администрација не добиле ноемвриска плата. УПОЗ бара исплата и на надоместоците, во спротивно следува прекин на работата...

Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од синдикатот велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат. Сè уште не ја земеле ноемвриската плата. Незадоволството е велат поголемо бидејќи според Трпе Деановски од УПОЗ над 1.400 вработени најверојатно нема да земат ниту додатоци на плати и надоместоци.
Синдикатот бара итно донесување на законот за судска и јавнообвинителска служба до крајот на оваа година, да се отвори можноста од 2026 да се вреднува работата во судската сфера.
И од независните синдикати на државната и судската администрација со барања до владата и надлежните институции предупредија на можен штрајк во сите судови, доколку не се подобрат материјалните услови и не се реши проблемот со недостиг на кадар.
Игор Панов
