Локална самоуправа

Општинските претпријатија со милионски загуби

11.12.2025 18:03

Општинските претпријатија тонат во долгови, само скопските натапкале 90 милиони евра. Најголема дупката во касата на „Водовод и канализација“. И ЗЕЛС предупредува на лошата финансиска ситуација во општините…

Милионски загуби, долгови и блокирани сметки, ова го покажа истражувањето за локалните јавни претпријатија. 71 од 128 локални јавни претпријатија имаат загуби од вкупно 17 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, направено на основа на ланските завршни сметки.

Вкупните долгови со краткорочните обврски достигнуваат вртоглави 193 милиони евра. Третина се со блокирани сметки. На првите три места според загубите се скопски претпријатија-„Водовод и канализација“ од 4,2 милиони евра. „Состојбата од година во година се влошува, проблемот е системски и долгорочен“, велат од Центарот.

Од ЗЕЛС велат дека лоша е и финансиската ситуација на општините.

Министерот за локална самоуправа најави зајакнување на финансиските капацитети на општините преку поголема децентрализација.

Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, бројот на вработени постепено се намалува.

Ана Јосифоска