Невзат Бејта во дресот на „Вреди“ во трка за нов градоначалнички мандат за Гостивар
Невзат Бејта влезе во дресот на „Вреди“, на 11-ти јануари ќе се трка за нов градоначалнички мандат за Гостивар. Коалицијата одлучи, во новата битка да го замени претходниот кандидат Даути кој убедливо загуби од Валбон Лимани од НАИ во првиот круг локални избори…

Наместо Себаедин Даути, Невзат Бејта по трет пат ќе ја бара довербата на гостиварци за прв човек на општината, овој пат со сменет политички дрес, како кандидат на Коалицијата „Вреди“. На последниот ден од рокот за поднесување кандидатури за гласањето на 11 јануари, Бејта и официјално ја поднесе кандидатурата.
На Бејта во битката за Гостивар ќе му се спротивстави на Валбон Линмани кој е кандидат на Националната алијанса за интеграција. Оттаму порачаа дека Бејта не може да донесе вистински промени во Гостивар.
На 11-ти јануари ќе се гласа во Гостивар, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, односно во четирите општини каде немаше цензус во првиот изборен круг од локалните избори.
Борис Грујоски
