„Зимзоленд“ во скопски Аеродром ги немал потребните документи за работа, потврди Ѓорѓиевски
Од Град Скопје потврдија дека немаат издадено дозвола за да се врши таква дејност на локацијата, а при надзорите што ги извршиле повеќе инспекторати се утврдени низа неправилности.

Вртелешките вртеле без дозвола. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва потврди дека „Зимзоленд“ во скопски Аеродром ги немал потребните документи за работа.
Од Град Скопје потврдија дека немаат издадено дозвола за да се врши таква дејност на локацијата, а при надзорите што ги извршиле повеќе инспекторати се утврдени низа неправилности.
„Реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи“, велат од Градот.
Отпочната е постапка за отстранување на реквизитите. При контролите е утврдено дека се вршело нерегистрирана дејност, институциите не биле известени дека ќе се продава храна, ниту штандовите ги задоволувале санитарните услови. Изречени се казни.
