Македонија

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

11.12.2025 20:08

Владата смета дека Коцевски направил крупни професионални грешки. Тој ги отфрли ваквите наводи. Неговиот наследник ќе се бира со јавен повик.

Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Коцевски стаса во Собранието. Ова следува откако Владата ја продолжи постапката, која претходно беше запрена поради трагедијата во Кочани и изборниот период.

Владата смета дека Коцевски направил крупни професионални грешки. Тој ги отфрли ваквите наводи. Неговиот наследник ќе се бира со јавен повик.

Блупринт групата за реформи во правосудството загрижена за постапката, смета дека се нарушува правната сигурност и се создава ризик за политичка инструментализација.