УХМР

Утрово најстудено во Берово

12.12.2025 10:21

Покрај Берово, минусни температури беа измерени и во Скопје Петровец и Битола...

Берово со-4 степени целзиусови степени беше најстудениот град утрово во Македонија.

Покрај Берово, минусни температури беа измерени и во Скопје Петровец и Битола каде имаше-3 степени. Во Тетово, Штип и Струмица-2 степени, Крива Паланка, Демир Капија и Маврово-1 степен. Нула степени беа измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија.

Во Скопје (Зајчев Рид), Охрид, Претор беа измерени 1 степен, два во Виница, Крушево и Попова Шапка, додека во Куманово беа измерени пет степени.