Груевски за „Република“: Заев под притисок ја води СДСМ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев нема сила да се соочи со притисокот од некои луѓе, што имаат одредени интереси. Тој не чувствува сила, нема креативна или интелектуална супериорност и моќ да им се спротивстави на каков било начин. Мислам дека ќе биде предоцна кога ќе сфати кои се нивните цели и крајните интереси, вели претседателот на Владата Никола Груевски во интервјуто за неделникот „Република“.

Заев на некој начин е и зависен од нив, тие имаат или се блиски до луѓе што располагат со фондови преку кои финансираат новинари, медиуми, квази интелектуалци. Имаат мрежа на активисти и влијание, свои инспиратори, и тоа е еден од неговите проблеми, но и на СДСМ.
Тие проблеми, за жал, додава Груевски, може да и нанесат штета и на Македонија, со отсуство на опозицијата од парламентот, со стимулирање деструктивни потези.