САД

Големи поплави во северозападниот дел на САД, десетици илјади луѓе се евакуирани

12.12.2025 16:20

Изобилните дождови предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на САД. Најпогодена е американската сојузна држава Вашингтон...

Изобилните дождови предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на САД. Најпогодена е американската сојузна држава Вашингтон. Прогласена е вонредна состојба на ниво на целата држава. Наредена е евакуација на десетици илјади жители.

Гувернерот Фергусон вчера ги повика луѓето во загрозените подрачја да ги следат упатствата на локалните власти. Повеќе од 30 главни автопати се затворени за сообраќај.

Националната гарда е распоредена за да помогне во спасувачките операции во поплавените подрачја. Дождовите се предизвикани од временски феномен познат како атмосферска река.