ВЕНЕЦУЕЛА

САД објавија нов пакет санкции против Венецуела

12.12.2025 09:17

Претседателот на Венецуела ги нарече САД „Пирати од Карибите“...

САД објавија нов пакет санкции против Венецуела, насочен кон роднините на претседателот Мадуро и клучниот нафтен сектор. Следат по заплената на венецуелски танкер кај брегот на Венецуела

„Администрацијата на Трамп ги спроведува политиките за санкции на претседателот на Соединетите Американски Држави. Нема да стоиме настрана и да гледаме како санкционираните бродови пловат по морињата со нафта од црниот пазар, чии приходи ќе го поттикнат нарко-тероризмот на одметнати и нелегитимни режими низ целиот свет“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.

Претседателот на Венецуела ги нарече САД „Пирати од Карибите“. Мадуро, исто така, спомена дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Путин, кој, изразил солидарност и восхит кон венецуелската влада.

„Вчера извршија апсолутно криминално и нелегално дело. Киднапирање и грабеж, како пиратите од Карибите, на приватен цивилен комерцијален трговски брод, брод на мирот. Кој беше нападнат. Речиси стигна до Атлантикот. Не беше од брегот на Венецуела. Речиси беше таму. Многу подалеку северно од Тринидад и Тобаго кон островот Гренада, веќе стигна до Атлантикот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.