АСЕАН бара крај на борбите меѓу Тајланд и Камбоџа
Соседите и натаму јавуваат за борби и продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа кој го прекршил примирјето...

Генералниот секретар на АСЕАН побара брзо решавање на борбите меѓу двете членки на организацијата, Тајланд и Камбоџа. Соседите и натаму јавуваат за борби и продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа кој го прекршил примирјето.
„Мора да му дадеме шанса на мирот. Во овој критичен момент, АСЕАН мора да остане цврст во своите фундаментални принципи загарантирани во Повелбата и Договорот за пријателство и соработка во Југоисточна Азија. Овие принципи не принудуваат да го поддржуваме мирното решавање на споровите, да ја зајакнеме соработката и да обезбедиме мир и стабилност да преовладуваат во нашиот регион“, изјави Као Ким Хорн, генерален секретар на АСЕАН.
Најновите судири меѓу двете земји во Југоисточна Азија беа предизвикани од престрелка во неделата со што беше попречено примирјето наметнато од американскиот претседател Трамп, со кое беа завршени петдневните борби во јули.
